Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

September 13, 2025
1 min read

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една од ракетите. Нема непосредни извештаи за повредени или штети.


Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека тие користеле ракета Палестина-2 со повеќе боеви глави, која погодила неколку ранливи цели во регионот на Тел Авив, и дека операцијата била успешна.

„Ракетните сили на јеменските вооружени сили спроведоа воена операција, користејќи хиперсонична балистичка ракета „Палестина-2“ со повеќе боеви глави, која погодила неколку ранливи цели во окупираниот регион на Тел Авив. Операцијата успешно ги постигнала своите цели“, изјави претставник на движењето на телевизискиот канал Ал-Масира, во сопственост на Хутите.


Израелската војска (ИДФ) објави дека успешно соборила балистичка ракета испукана од јеменските бунтовници Хути во текот на ноќта.

Сирени се огласија во Тел Авив и други населени места низ централен Израел поради воздушниот напад, објави „Тајмс оф Израел“.


Нема непосредни извештаи за повредени или материјална штета во нападот, објави израелскиот портал.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Следно

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop