Јавен обвинител денеска ќе поднесе жалба до судот бидејќи не им одреди притвор на лицата што упаднаа во М-НАВ

January 6, 2024
2 mins read

Четворицата осомничени за упадот во зградата на Македонската навигација, кои синоќа беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд-Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, како што предложи Обвинителството

Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд-Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРМ).

Четворицата осомничени за упадот во зградата на Македонската навигација, кои синоќа беа изнесени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд-Скопје, добија мерки на претпазливост, а не притвор, како што предложи Обвинителството.

Како што информираа од Основниот кривичен суд-Скопје, осомничените добиле забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, а одземени им се патните исправи, односно има забрана за нивно издавање. Меѓу мерките за претпазливост кои им се изречени е и забрана за комуникација со оштетениот, како и меѓусебна комуникација.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно синоќа соопшти дека е отворена истражна постапка против осумте лица за завчерашниот упад во Македонската навигација. Тие, како што информираше Обвинителството, се товарат се кривичното дело загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај, за кое е предвидена затворска казна од најмалку пет години.

Обвинителството отвори истрага против осуммина за упадот во М-НАВ, им се заканува затвор од најмалку пет години

Упадот во Македонска навигација се случи завчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Струковиот синдикат на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. 

Непознати лица упаднале во М-НАВ, заедно со еден од вработените нападнале други тројца вработени

Поврзани вести:

Тунтев: Безбедноста на воздушниот сообраќај не е загрозена, направен е вонреден инспекциски надзор и ќе бидат преземени неопходните мерки

Кошкање има во секоја фирма, се работи за личен конфликт – вели директорот Хамиди за упадот во М-НАВ

ДУИ: Инцидентот во М-НАВ неправедно се обидува да ни се припише нам, а се работи за конфликт меѓу колеги

Тасевски на средба во Делегацијата на ЕУ за ситуацијата во М-НАВ: Амбасадите ги следат сите случувања, жално е што ова одекна насекаде

Пендаровски со осуда за инцидентот во М-НАВ: Ничиј личен или партиски интерес не може да биде над правниот поредок

Беким Незири е во полициска станица – со него се врши службен разговор по налог на ОЈО Скопје

Ако нападот на вработените во М-НАВ не се расчисти, не се исклучува можноста за целосно затворање на воздушниот простор, вели Тасевски

ТВ Алсат: Беким Незири од ДУИ ги нападнал вработените во контролата на летање

Владата најави разрешување на целото раководство на М-НАВ и ревизија на досегашното работење

Четворица поврзани со нападот во М-НАВ се во полициска станица, по четворица други се трага

„Замисли“ ја поздрави одлуката за разрешување на раководството на М-НАВ: Поважно од кога било е вистинските луѓе да се на вистинските места

Контролата на летање в среда стапува во штрајк доколку Владата не ги разреши директорите на М-НАВ

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јапонија: Бројот на загинати во земјотресите се искачи на 100

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади од 7 октомври се зголеми на 22.722

Latest from Blog

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. – Министерот Мисајловски заедно со

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop