Јапонија ќе го отвори првото казино

April 14, 2023
1 min read

Јапонија се смета за земја која нуди ветувачки пазар за развој на „коцкарската индустрија“. Таа е трета по големина економија во светот со население од околу 126 милиони жители, а во нејзин прилог оди и што може да ги привлече љубителите на коцкањето од регионот ако се има предвид дека во соседна Кина единствено во градот Макао казината се легални. Тие во Јапонија одамна се нелегални, а најавеното отворање е благодарение на закон кој беше донесен во 2018 со којшто се предвидуваат исклучоци

Фото: EPA/YM YIK

Јапонските власти дадоа зелено светло за контроверзните планови за изградба на првото легално казино во земјата.

Станува збор за комплекс кој ќе се простира на површина од 49 хектари, а покрај казиното во него ќе има и хотел, конференциска сала, трговски центар и музеј. Треба да се отвори во градот Осака во 2029 година.

„Се надевам дека ќе стане туристичка база која ќе ги промовира убавините на Јапонија пред светот“,

очекува премиерот Фумио Кишида.

Почетната инвестиција за овој проект е 13,5 милијарди долари, а како инвеститори се јавуваат американскиот казино оператор МГМ и јапонската групација „Орикс“ кои имаат по 40 отсто во сопственичкиот удел. Останатите 20 отсто се во сопственост на три локални компании со седиште во Осака.

Очекувањата се дека овој комплекс со казино ќе привлекува околу 20 милиони посетители годишно и ќе донесе големи економски придобивки за регионот.

Овој проект во Јапонија беше предложен пред неколку години, но се одложи поради ковид-пандемијата и корупциски скандал во кој беше вмешан пратеник од владејачката партија кој беше обвинет за примање мито.

Сличен план има и за Нагасаки.

Јапонија се смета за земја која нуди ветувачки пазар за развој на „коцкарската индустрија“. Таа е трета по големина економија во светот со население од околу 126 милиони жители, а во нејзин прилог оди и што може да ги привлече љубителите на коцкањето од регионот ако се има предвид дека во соседна Кина единствено во градот Макао казината се легални.

Казината во Јапонија одамна се нелегални. Но, во 2018 година беше донесен закон кој предвидува исклучоци за одредени игри на среќа, а целта на законските измени беше да се создадат нови работни места и да се поттикне туризмот. Јавното мислење во земјата е поделен, а негодувачите се загрижени дека со отворањето на казина може да се зголеми криминалот, но и зависноста од коцкање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посебен сообраќаен режим за велигденските празници во Скопје

Следно

Вечерва во 360°: Како најскапиот проект во историјата на земјава ќе остане тајна за оние што ќе го платат?

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop