Јапонија: 240 лица сè уште се водат за исчезнати по силните земјотреси

January 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 240 лица сѐ уште се водат како исчезнати и пет дена по силните земјотреси што ја погодија Јапонија за Нова година, јавува Анадолу.

Бројот на загинати во земјотресите денес се искачи на 92, објави токискиот „Кјодо њуз“.

Јапонија го зголеми бројот на распоредени војници во регионот Ното во префектурата Ишикава, епицентар на земјотресот со јачина од 7,6 степени.

Од понеделникот низ земјата се регистрирани над 600 потреси.

Многу луѓе сè уште се заробени под урнатите објекти додека екипите за пребарување и спасување се борат со суровото време за да најдат преживеани.

Околу 33.000 луѓе се евакуирани во околу 370 засолништа во префектурата Ишикава, која се соочи со најголеми човечки загуби и оштетувања на инфраструктурата.

Многу области сè уште се отсечени, а властите не можат да стигнат до најмалку 700 луѓе, електрична енергија немаат околу 30.000 домови, а 80.000 домаќинства во префектурата се без вода.

Американската војска, по земјотресите, ја прошири помошта за Јапонија, а двете страни разработуваат планови за работа на американските војници заедно со Јапонските сили за самоодбрана во областите погодени од земјотресот.

Во меѓувреме, денес беа откажани 200 лета на аеродромот Ханеда во Токио бидејќи една од четирите писти допрва треба да се отвори по инцидентот во средата меѓу авионите на „Јапан ерлајнс“ и Јапонската крајбрежна стража.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со нови казни за 139 возачи во Скопје

Следно

Контролата на летање в среда стапува во штрајк доколку Владата не ги разреши директорите на М-НАВ

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,

Туфегџиќ предупредува: Предметите не се сопственост на обвинителите

Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема нормално обвинител кој е
Go toTop