Јаневска: Започна изградбата на училиштето во Чашка

October 31, 2024
1 min read

Почна изградбата на подрачното основно училиште во село Бањица во општина Чашка, каде настава ќе следат ученици од прво до петто одделение. Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект.

За прогресот на инвестицијата на МОН во вредност од 6,6 милиони денари, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа кога учениците од ова населено место ќе почнат да следат настава на својот мајчин јазик.

„За жал, проблемот во Чашка е политички инициран. Таму децата до лани учеа заедно на еден, македонски јазик, а родителите на учениците имаа потпишано и согласности за тоа. Но, високи функционери на ДУИ одлучија дека нешто не е во ред и едните ги поттикнаа на штрајк, а кај другите создадоа револт со притисокот да се воведе настава на албански јазик. Сето тоа е на штета на учениците, но еве, работиме и ќе го надминеме овој вештачки инициран проблем“, рече министерката Весна Јаневска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Урнебесна реакција на СДСМ по изјавата на Мицкоски дека бил следен со дронови

Следно

Традиционален фестивал на калинката во Халабџа, Ирак

Latest from Blog

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен
Go toTop