Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование

August 30, 2025
1 min read

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во Кавадарци, смета дека темата со тоа дали ќе има или нема да има учебници од оваа година треба да биде затворена.

-Оваа година на големо задоволство на Владата, но на поголемо задоволство на учениците, учителите, наставниците, родителите… ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение и од први до четврти клас за сите ученици. Во средното стручно лани имавме стотина печатени, оваа година имаме педесетина печатени нови наслови и дополнително педесетина поставени на веб-страниците за да можат учениците да учат. Јас на оваа тема оваа година би и ставила крај, рече Јаневска.

Учебници ќе има и за странските јазици за сите одделенија.

– Иако во изминатите седум години имаше проблеми со учебници, па не можеа на никој начин да обезбедат странски учебници, странски учебници ќе има по сите јазици за сите ученици. Со волјата, со упорна работа, со макотрпна работа, со еден многу комплициран процес, со нов закон, со ново системско решение, со каталошки цени ние покажавме дека може и оттука натаму од следната година дискусија за имање, немање учебници нема потреба веќе да има затоа што во 21 век да дискутираме дали има или нема учебници е срамота. Срамот не е наш, срамот е на претходните кои го раководеле овој сектор, и на претнходната Влада. Од сега натаму мислам дека ова прашање е затворено, рече Јаневска.

Министерката за образование посочи дека најголем број, односно 90 проценти од учебниците се доставени, а околку 10 проценти ќе се достават во првата недела од учебната година.

– И денеска се доставуваат учебници. Најверојатно ќе има учебници што ќе се достават и во првата недела на учебната година. Меѓутоа тоа е затворено прашање. Секаде ќе стигнат. И во најодалеченото место. И 30 и 50 километри, планински училишта, до сите подрачни училишта, рече Јаневска.

Во понеделник на 1 септември почнува новата учебна година за сите основци и средношколци во земјата.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити: Бадинтеровото мнозинство е гарант за еднаквост и стабилност

Следно

Орце Ѓорѓиевски на терен: Општина Кисела Вода ги санира последиците од невремето

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да
Go toTop