Јаневска потпиша нова четиригодишна програма за соработка во образованието и науката со Хрватска

August 29, 2024
1 min read

Македонија и Хрватска ја продолжуваат и унапредуваат соработката во образованието и науката. Новата четиригодишна програма за соработка, што денеска ја потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс, ги прави националните образовни системи подостапни за граѓаните на двете земји.

Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат, додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти. Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји.

Билатералната соработка предвидува поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS.

Договорена е поддршка за зачувување на јазикот и културата на двата народи.

Плодната и успешна образовна соработка меѓу двете држави датира од 1995 година, кога е потпишан првиот билатерален договор за културна и просветна соработка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НА 5 СЕПТЕМВРИ СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБА ЗА 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ТОМО ВЛАДИМИРСКИ, ЕДЕН ОД ЗАЧЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА МОДЕРНА

Следно

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во петок ќе ја посети Словенија

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop