Јаневска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Италија

March 5, 2025
1 min read

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Испра, Италија.

Посетата, како што информира ресорното министерство, е во насока на продлабочување на соработката со Здружениот истражувачки центар, преку која Министерството за образование и наука ќе добие дополнителна поддршка за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација, во форма на експертиза, размена на позитивни практики, методологии и научни пристапи за јакнење на националниот систем за истражување и иновации.

Здружениот истражувачки центар (Joint Research Centre) е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Центарот е вклучен и во процесот на нејзино проширување, преку соработка со земјите апликанти обезбедувајќи им техничка поддршка за ефикасно имплементирање на европските закони во областа на науката и технологијата.

Центарот има седум институти во пет земји на ЕУ (Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иднината на женската одбојка викендов имаше собир во Скопје

Следно

Дали 8 Март се претвора во „Валентајн“ за феминистки?

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop