Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата.

April 17, 2026
1 min read

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни, овој тренд е директна потврда дека владините политики за задржување на младите даваат резултат

Јаневска, одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на основци, истакна дека сегашната власт презема конкретни мерки, за разлика од претходната која, според неа, само немо ги набљудувала демографските проблеми.

„За оние на коишто им редеа чевли за да ги вратат тие ништо не направија, но ние, може да видите во статистиката, веќе имаме прилив на иселеници. Тој не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките кои ги спроведува оваа Влада“, истакна министерката.

Таа додаде дека процесот на промена е долготраен, но дека Владата е фокусирана на создавање услови преку нови инвестиции во образованието и законски измени во високото образование за младите да ја гледаат својата иднина дома.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!

Следно

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Latest from Blog

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од

Божиновска: Градиме сигурна и конкурентна енергетска иднина за Македонија

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, со што прави значаен исчекор кон поголема енергетска сигурност и диверзификација на снабдувањето со природен гас. Ова го истакна министерката за енергетика, рударство и

Драмата во Непал не стивнува- уште еден маж е извлечен жив, 5.000 луѓе и натаму се заробени во тунелите (ВИДЕО)

Стотици луѓе се заробени во блокирани тунели на хидроцентрала по поплавите од минатиот месец. Невидена лавина од мраз, камења, кал и остатоци на границата меѓу Непал и Тибет во среда – за

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и
Go toTop