Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

December 3, 2025
1 min read

Зајакнување на партнерството меѓу безбедносните служби на Македонија и Австрија е целта на дводневната посета на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на австриската полиција во Виена.

Во рамки на посетата, Јанев оствари средба со генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф, како и со директорот на федералната криминалистичка полиција, генерал Андреас Хотцлер.

-Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, размена на информации, справување со илегална миграција, прекуграничен криминал, гранична контрола и искуствата од заедничките патроли со соседните земји, вклучително и Фронтекс мисијата во Македонија. Посебен фокус ставивме и на борбата против тероризам, радикализам, како и модели на полициско работење во заедницата. Дополнително, отворивме и повеќе конкретни случаи од взаемен интерес и можности за идни заеднички операции во делот на сузбивање на транснационален криминал. Задоволството и довербата во соработката меѓу двете полиции беа јасно нагласени од двете страни, вели директорот на БЈБ.

За време на посетата планирано е Јанев да оствари и средби со раководителите на Канцеларијата за заеднички операции против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, Оперативниот команден центар во Виена, Контролниот центар за сообраќај, како и со раководството на аеродромот во Виена.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: Продолжуваме со модернизација на сите улици во Чаир

Следно

Проданоски: Секоја личност во Прилеп заслужува еднакви можности и достоинство

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop