Јамал во Барселона до 2031-ва година

May 27, 2025
1 min read

Ламин Јамал ​​се обврза со Барселона на уште шест години – до 30 јуни 2031 година! „Сегашност и иднина“, така Барселона накратко го опиша денешниот настан.

Како и обично, Барселона објави дека на потпишувањето на договорот присуствувале претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко.

Јамал ​​го имаше своето деби за првиот тим како петнаесетгодишник, на 29 април 2023 година. Тој пристигна во клубот многу порано, кога имаше само седум години, а доаѓа од познатата Ла Масија.

Иако сè уште е тинејџер, Јамал ​​беше клучен играч во освојувањето на двојната круна и Суперкупот на Барселона оваа сезона.

Тој веќе има 106 настапи за Барселона и ги руши рекордите еден по друг – тој е најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига, Кралскиот Куп и Суперкупот, најмладиот играч на Барселона кој има одиграно повеќе од 100 натпревари…

Досега има постигнато 25 гола со 34 асистенции. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Сè што не е забрането со закон е дозволено“, вели Фатмир Дехари по кривичната пријава од МВР

Следно

Филип Маџунков го оперираше коленото

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop