Извршниот директор на „ОпенАИ“ ја повика технолошката индустрија да ги поддржи колегите муслимани

January 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Извршниот директор на „ОпенАИ“ (OpenAI), Сем Алтман, изјави дека на припадниците на муслиманската и арапската заедница во технолошката индустрија им е непријатно да зборуваат за нивните неодамнешни искуства, стравувајќи од реакција и штета врз нивните кариери, повикувајќи се на влијанието на израелската војна во Газа, пренесува Анадолу.

„Муслиманските и арапските (особено палестинските) колеги во технолошката заедница со кои разговарав се чувствуваат неслободно кога зборуваат за своите скорешни искуства, често поради страв од одмазда и нарушени изгледи во кариерата“, напиша Алтман на платформата Х.

Нагласувајќи ја потребата од единство во рамките на технолошката индустрија за поддршка на овие колеги, Алтман додаде дека „индустријата треба да биде обединета во поддршката на овие колеги“.

„Ова е ужасно време. И понатаму се надевам на вистински и траен мир, и дека во меѓувреме можеме да се однесуваме едни кон други со емпатија“, рече Алтман, а под објавата додаде:

„Јас сум Евреин. Верувам дека антисемитизмот е значаен и растечки проблем во светот и гледам дека многу луѓе во нашата индустрија се залагаат за мене, што длабоко го ценам. Но, гледам многу помало залагање за муслиманите.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот турски астронаут се подготвува за историската мисија до Меѓународната вселенска станица

Следно

Следете во живо: Изјава на Александар Тасевски претседател на синдикатот на М-НАВ

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop