Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко и исплата за градинарско производство 

December 23, 2024
1 min read

Денес е извршена исплата на субвенции од тековната 2024 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи за исплатата на финансиската поддршка да се врши навремено и редовно согласно календарот.

Секој земјоделец заслужува навремено да му се исплаќаат субвенциите.

Се изврши исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни 2024 година.

Исто така се изврши исплата на средства во износ од 83.451.028,00 денари на 10.727 земјоделци за мерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Грижата за земјоделците се покажа на дело преку исплата на сите заостанати субвенции од изминатите години, а со несмален интензитет ги исплаќаме и тековните субвенции за 2024 година, велат од МЗШВ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возачите во Формула 1 го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година

Следно

Патиштата проодни, на одделни повисоки места со кашест снег на коловозот

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран  претпладне во 10:30 часот, откако екипи на

СДСМ го осуди „навредливото однесување на Вучиќ“ кон Шекеринска

„СДСМ го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. Познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите

Божиновска за Faktor.mk: Македонија започнува најголем енергетски инвестициски циклус

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Планот за изградба на енергетски објекти за 2026 година драстично ќе ја смени сликата на енергетиката во Македонија. Тој предвидува изградба на
Go toTop