Известувачката на ОН: „Израел нема да го запре ова лудило додека не го запреме ние“

May 25, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, ги повика земјите членки да воведат санкции кон Израел паралелно со ембарго за оружје додека тој не го сопре „ова лудило“, јавува Анадолу.

„Да бидеме јасни. Додека МСП му наредува на Израел да ја прекине офанзивата во Рафа, Израел ги интензивира нападите врз неа“, истакна Албанезе преку X.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во својата последна одлука му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во Рафа, град во јужниот дел на Газа каде се засолнети повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци.

„Вестите што ги добивам од луѓето блокирани таму се застрашувачки“, рече таа.

„Бидете сигурни: Израел нема да го запре ова лудило додека не го сопреме НИЕ“, нагласи таа.

Албанезе ги повика сите земји членки на ОН „да воведат санкции, ембарго за оружје и да ги прекинат дипломатските и политичките односи со Израел додека тој не престане со својот напад“.

Вчера, МСП ги потврди своите претходни наредби и наложи дополнителни мерки, меѓу кои и држење на граничниот премин Рафа отворен и дозволување пристап на истражителите до блокираната енклава.

Над 35.800 Палестинци се загинати во Газа, од кои огромно мнозинство жени и деца, а речиси 80.300 се повредени од почетокот на израелските напади во октомври минатата година, кои почнаа по нападот на Хамас.

Повеќе од седум месеци по израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ: Не сум меѓу фаворитите на Ролан Гарос

Следно

Турскиот министер за надворешни работи во посета на Брисел за разговори за Газа

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop