Известувачката на ОН, Албанезе, повика на ослободување на бродот „Мадлин“, задржан од Израел

June 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, повика на ослободување на бродот „Мадлин“, задржан од Израел со 12 активисти за човекови права, и прекин на блокадата наметната врз Газа, известува Анадолу.

Во објава што ја сподели на својот профил на X, Албанезе истакна дека бродот „Мадлин“, кој имаше за цел да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, „мора под итно да биде ослободен“.

„Секое медитеранско пристаниште треба да испрати бродови што носат помош, солидарност и хуманост во Газа. Тие ќе отпловат заедно, тие ќе бидат незапирливи заедно“, наведе Албанезе во својата објава.

Посочувајќи на блокадата наметната од Израел врз Газа, која предизвика хуманитарна катастрофа, а во исто време и го ограничува и влезот на хуманитарна помош, Албанезе во објавата истакна: „Прекинувањето на блокадата е правна одговорност за државите и морален императив за сите нас“.

– На бродот има 12 активисти

Бродот долг 18 метри тргна кон Газа од пристаништето „Сан Џовани Ли Кути“ во градот Катанија, Италија, на 1 јуни, како дел од најновата мисија организирана од граѓанската организација „Коалиција на флотилата на слободата“ за пробивање на блокадата во Газа и доставување помош во регионот.

Активистите на бродот „Мадлин“ најавија дека ќе продолжат со својот мирен став и нема да се спротивстават доколку израелската Армија интервенира.

Израелската Армија интервенираше врз бродот „Мадлин“, кој имаше за цел да ја пробие блокадата врз Газа.

На бродот се наоѓаа 12 лица, францускиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Турција, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мориерас и Јанис Мамди од Франција, шведската климатска активистка Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.

– Приближно 2,3 милиони Палестинци се соочуваат со хуманитарна катастрофа

Израелската Армија, која спроведува брутални напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, ги нишани болниците, училиштата и шаторите каде што престојуваат раселените Палестинци.

Приближно 2,3 милиони Палестинци се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на Израел што го ограничува влезот на лекови и хуманитарна помош во Газа.

Палестинските власти и меѓународните кругови предупредуваат дека Израел спроведува политика на изгладување во Газа и ја користи гладта ​​како „воено оружје“.

На протестите организирани низ целиот свет се бара да се запрат нападите врз Газа и да се достави хуманитарна помош во регионот.

Израел, кој сака да го монополизира распределувањето на хуманитарната помош во Газа, често ги нишани Палестинците кои со надеж дека ќе дојдат до храна одат на пунктовите за хуманитарна помош основани со поддршка на САД.

Најмалку 55.000 Палестинци се убиени, а 126.000 се повредени во нападите на Израел врз Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Собранието пред одлука за нов министер за здравство – Азир Алиу предложен од Владата

Следно

Роналдо најави дека ќе продолжи да игра за Ал-Наср

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop