Извештаи: Кина воспоставила шпионска база во Куба од најмалку 2019 година

June 11, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Кина воспоставила шпионска база на Куба од 2019 година, па и порано, се вели во веста на американскиот весник „Вол стрит журнал“, цитирајќи ја Белата куќа за наводите дека Пекинг ги проширува напорите за собирање разузнавачки информации за Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу.

„Вол стрит журнал“ објави за нагласувањето на Белата куќа дека администрацијата на Бајден има спроведено мерки против ширењето на безбедносното присуство на Кина на глобално ниво.

Весникот првично во четвртокот објави дека властите во Куба се согласиле да ѝ дозволат на Кина да формира тајна шпионска база што Пекинг планира да ја користи за да ги надгледува САД.

Пентагон ги негираше тврдењата дека Кина постигнала таков договор со Куба за воспоставување база во островската држава.

Наводите дека Кина има план да воспостави објект за електронско разузнавање на Куба, како што е објавено во „Вол стрит журнал“, цитирајќи „американски официјални лица запознаени со доверливите разузнавачки информации“, „не се точни“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Но во вчерашното соопштение од Белата куќа се вели дека администрацијата на Бајден била информирана за напорите на Кина да го зајакне своето воено и разузнавачко присуство што го вклучува и она во Куба.

Белата куќа истакна дека Кина „ќе продолжи да се обидува да го зајакне своето присуство во Куба и ние ќе продолжиме да работиме за да го попречиме тоа“, објави „Вол стрит журнал“.

„Сметаме дека (Народна Република Кина) НРК не е токму онаму каде што се надева дека ќе биде“, се вели во веста.

Станицата ќе ѝ овозможи на Кина да врши електронско прислушување на САД на само 160 километри од сојузната американска држава Флорида.

Базата ќе ѝ дозволи на Кина да собира комуникации низ југоисточниот дел на САД, каде што се лоцирани неколку воени бази и да го надгледува транспортниот сообраќај.

Веста на „Вол стрит журнал“ доаѓа во време на сè позатегнати односи меѓу Вашингтон и Пекинг, а американските официјални претставници алармираат дека Кина претставува главна закана за позицијата на Вашингтон во светот.

Официјални претставници од двете земји работеа на подобрување на односите по откривањето на, како што тврди администрацијата на Бајден, таен кинески шпионски балон над континенталниот дел на САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар

Следно

Финска уште еднаш е прогласена за татковина на среќата

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop