Израелците кои ја узурпираа палестинската земја запалија палестински возила на Западниот Брег

March 11, 2025
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелците кои ја узурпираа палестинската земја на окупираниот Западен Брег запалија три возила на Палестинците за време на рацијата во раните утрински часови во местото Ум Сафа, во подрачјето на градот Рамала, известува Анадолу.

Градоначалникот на Ум Сафа, Мерван Сабах, за дописникот на АА изјави дека Израелците, кои ја узурпирале палестинската земја, во мугрите извршија рација во местото Ум Сафа.

Посочувајќи дека Израелците запалиле три возила на Палестинци, Сабах истакна:

„Поради зголемените напади врз доселениците напната е ситуацијата во нашето место, каде што Палестинците живеат во постојан немир.“

Сабах рече дека Ум Сафа долги години е жртва на нападите на Израелците кои ги узурпираат палестинските територии и нагласи дека израелската армија, затворајќи ги главните влезови во местото, го ограничила движењето на населението.

Според палестинските власти, Израелците кои ја узурпирале палестинската земја минатиот месец извршиле 230 напади врз Западниот Брег.

Од 7 октомври 2023 година, кога Израел го започна нападот врз Појасот Газа, зголемен е бројот на притворања, рации и напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Во овој период убиени се 930 Палестинци, од кои 167 деца, а речиси 7.000 беа повредени во нападите на израелските војници и Израелците кои ги узурпираа палестинските земји на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, сервилноста, аматеризмот и „виткањето на кичма“ се единствената политика која ја познава СДС на меѓународен план

Следно

Голема драма во Црна Гора откако легендарниот Ивица Костелиќ се изгубил среде море!

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop