Израелските војници по грешка убиле тројца заложници, за Белата куќа оваа вест е трагична

December 15, 2023
1 min read

Според Хагари, претставниците на војската „претпоставуваат дека тројцата убиени Израелци или избегале или биле напуштени од терористите“ за време на тековните борби во Газа

Израелските одбранбени сили соопштија дека тројца израелски заложници во Газа по грешка биле идентификувани како закана и биле застрелани, пренесува Си-ен-ен.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

„За време на борбите во Шеџаја (во северна Газа), војската по грешка идентификуваше тројца израелски заложници како закана. Како резултат на тоа, војниците пукаа кон нив и тие беа убиени“,

рече портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари.

Според него, претставниците на војската „претпоставуваат дека тројцата убиени Израелци или избегале или биле напуштени од терористите“ за време на тековните борби во Газа.

Тој рече дека не може веднаш да одговори дали тројцата мажи ги кренале рацете или им викале на војниците на хебрејски.

„Израелската војска нагласува дека ова е активна борбена зона во која се водат тековни борби во последните неколку дена. Веднаш се научени лекции од настанот, кои се пренесени на сите војници на терен“,

рече Хагари.

Според него, израелската војска изразува длабоко каење за трагичниот инцидент и на семејствата им упатува искрено сочувство.

„Нашата национална мисија е да ги лоцираме исчезнатите и да ги вратиме сите заложници дома“,

додаде тој.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, ја нарече смртта на тројца израелски заложници „срцепарателна“.

Според него, американскиот претседател Џо Бајден е информиран од неговиот тим за национална безбедност за убиствата.

„Тоа е срцепарателно. Трагично е. Оваа вест излезе од Газа денес за заложниците кои биле убиени при спроведување на рација. Сакам да бидам внимателен овде да не зборувам за премногу специфики, бидејќи немаме совршена видливост за тоа како точно се одвивала оваа операција и како е направена оваа трагична грешка“,

изјави Кирби.

Верува оти Израел ќе испита како се случило ова, но одби да донесе „широка проценка за конкретната околност“.

Инаку, вечерва десетици луѓе протестираа пред седиштето на израелската војска во Тел Авив, барајќи итна акција за да се обезбеди ослободување на преостанатите израелски заложници држени во Газа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје: Пронајдени двете девојчиња од струшко што беа пријавени дека се оддалечиле од домот

Следно

РЕЖИСЕРКАТА НА „БАРБИ“ ГРЕТА ГЕРВИГ ЌЕ ПРЕТСЕДАВА СО ЖИРИТО ВО КАН

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop