Израелските сили застрелаа тинејџер за време на рација на Западниот Брег

March 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските сили застрелаа тинејџер и повредија двајца Палестинци, од кои едниот е во критична состојба, за време на рација вчера во окупираниот град Џенин на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Судир изби меѓу Палестинците и израелските сили кога војниците упаднаа во домовите и распоредија снајперисти во подрачјето на Кабатије во јужниот дел на Џенин.

Мутесим Небил Абу Абид (13) е убиен, а уште двајца се ранети, јави палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на изјавата на Феваз Хамад, директор на болницата Ер-Рази.

Израелските сили упаднаа во уште три домови, предизвикувајќи штета на покуќнината и уапсија две лица.

Во меѓувреме, израелските сили спроведоа рации во Беит Умар во северен Хеброн, како и во Калкилија и Ерихон, што доведе до судир меѓу Палестинците и израелските сили.

Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелските сили и илегалните еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим од 7 октомври се искачи на 455.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет дена голгота: Малата Данка уште ја нема, мајката однесена на местото од каде исчезна девојчето – еве што барала полицијата од неа

Следно

Крузер се заби во бетонски ѕид на Дунав, има повредени

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop