Израелските сили застрелаа две палестински деца на окупираниот Западен Брег

November 29, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелските сили застрелаа и убија две деца во Џенин на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Палестински извори соопштија дека израелските сили ги прогласиле градот Џенин и истоимениот бегалски камп за „затворена воена зона“ и наведоа дека за време на рацијата се уапсени многу Палестинци.

Од палестинското Министерство за здравство се наведува дека израелските сили со боева муниција убиле две палестински деца во Џенин.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека едно од децата убиени од израелските сили имало девет години.

На снимката од нападот од безбедносните камери се гледа како едно од палестинските деца, кое со трчање се обидува да побегне, е застрелано и паѓа на земја.

На снимката се гледа и како пријател го носи палестинското дете, кое лежи на земја, пред автомобилот во близина.

Во окупираниот Западен Брег и Источен Ал-Кудс (Источен Ерусалим) во нападите на израелските сили и еврејските доселеници од 7 октомври досега убиени се 244 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Необјективно и оркестрирано гласање за новиот состав на ДКСК – реагира членка на Комисијата за селекција

Следно

Пожар во куќа во тетовско Рогле, почина сопственикот

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop