Израелските сили за една недела убија 36 Палестинци на Западниот Брег

October 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 36 Палестинци биле убиени од страна на израелските сили низ окупираниот Западен Брег откако избија борбите минатата сабота меѓу палестинските групи и Израел, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека последната жртва е идентификувана како 24-годишниот Солиман Фарид Маласа, кој починал од раните здобиени за време на нападот на израелските сили врз селото Деир Ибзи, во близина на Рамала во централниот Западен Брег.

Се додава дека 650 Палестинци биле повредени во нападите на израелските сили на Западниот Брег, а 210 се примени во болниците од саботата.

Во меѓувреме, во истиот период израелските сили приведоа десетици Палестинци низ Западниот Брег, според одделни изјави.

Во драматичната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа постојана и насилна воена кампања против Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелските територии.

Конфликтот започна минатата сабота кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, вклучително и лансирање ракети и инфилтрации во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека операцијата е одмазда за упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на израелските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири со прекинување на снабдувањето со вода и електрична енергија на Газа, дополнително влошувајќи ги условите за живот во областа што е под опсада од 2007 година.

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз опколениот Појас Газа се искачи на 1.537, објави вчера Министерството за здравство во Газа. Во соопштението се истакнува дека меѓу загинатите има 500 деца и 276 жени, а повредени се 6.612 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Кино Љубов“ е вивисекција на нашиот живот како уметници, но и на нас како луѓе, вели режисерот Јани Бојаџи пред денешната премиера на филмот во Штип

Следно

Пензионери од Неготино преку протест бараат повисок пензионерски стандард 

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop