Израелските сили приведоа 29 Палестинци во Западниот Брег

November 9, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелските сили приведоа 29 Палестинци во воените рации во окупираниот Западен Брег, соопшти денес локална невладина организација, јавува Анадолу.

Здружението на палестински затвореници соопшти дека меѓу приведените се една жена и двајца новинари.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемени од 7 октомври поради израелската воена офанзива на Појасот Газа.

Најмалку 165 Палестинци се убиени, а повеќе од 2.300 други се приведени од страна на израелската Армија на окупираната територија од минатиот месец, според палестинските податоци.

Пред конфликтот во Газа, бројот на палестински затвореници во израелските затвори беше околу 5.200.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас пред еден месец.

Оттогаш се загинати најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени. Бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.600, според официјалните бројки.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров: Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи!

Следно

Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop