Израелските сили на Западниот Брег ја приведоа Ахед Тамими, симболот на палестинскиот отпор

November 6, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска денес ја приведе Ахед Тамими, која беше симбол на палестинскиот отпор, во градот Наби Салех на Западниот Брег, потврди нејзината мајка, јавува Анадолу.

„Ахед (23) е приведена при рација во нашата куќа“, изјави Нариман Тамими.

Таа наведе дека израелските сили ја пребарале куќата и ги заплениле мобилните телефони на семејството.

Сѐ уште не е наведена причината за приведувањето на палестинската девојка.

Таткото на Тамими беше приведен од израелските сили за време на рација во градот минатата недела.

Израелските војници го приведоа Ахед Тамими на 19 декември 2017 година за време на рација во семејната куќа во Рамала. Нејзината мајка Нареман следниот ден отишла во притворот во Рамала за да добие информации за својата ќерка, а потоа и таа била приведена.

Таа е осудена на осум месеци затвор за „напад“ на израелски војник.

Во 2012 година Ахед беше наградена со наградата за храброст „Ханзала“ во Истанбул затоа што им се спротивстави на израелските војници што го приведоа нејзиниот брат.

Нејзиниот случај привлече големо меѓународно внимание, а Амнести интернешенел ја нарече Ал-Тамими палестинската Роза Паркс, афроамериканска активистка за човекови права и шивачка, која американскиот Конгрес ја прогласи за „мајка на модерното Движење за човекови права“.

Ахед беше ослободена на 29 јули 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Канцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого

Следно

Беса Адеми објасни зошто нема да оди во Судски совет

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop