Израелските сили ја уништија куќата на палестинскиот лидер Арафат во Газа

February 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Куќата на Јасер Арафат, поранешниот палестински претседател, кој одигра голема улога во палестинската борба против повеќедецениската израелска окупација, уништена е во израелските напади врз градот Газа, известува Анадолу.

Куќата во која Арафат живеел шест години била цел на израелските сили. На куќата што фондацијата „Јасер Арафат“ ја претвори во музеј е предизвикана голема материјална штета.

Во 2002 година израелските власти го ставија Арафат во домашен притвор во Рамала на окупираниот Западен Брег. Комплексот, во кој се наоѓа и седиштето на палестинските власти, две години беше под опсада на израелските сили.

Арафат се разболи во 2004 година, при што беше објавено дека боледува од грип, но тој никогаш не оздрави. Во октомври 2004 година беше пренесен на лекување во Франција, каде што почина на 11 ноември.

Поради израелската окупација, волјата на Арафат да биде погребан во Ерусалим не беше исполнета, но тој беше погребан во Рамала. Постојат теории што укажуваат на сомнение дека Арафат бил отруен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двојно убиство во кумановско

Следно

Нови израелски напади и нови жртви меѓу Палестинците во Газа

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop