Израелските медиуми тврдат дека на 7 октомври израелски тенк отворил оган врз израелските заложници

December 20, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) – Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека за време на нападот на Хамас врз израелските населени места на 7 октомври, израелски тенк отворил оган врз куќа во која се наоѓале израелски заробеници во еврејската населба Беери, пренесува Анадолу.

„Часови откако почнаа нападите на 7 октомври, израелски тенк истрела гранати врз куќата на Паси Коен во Беера, каде со заложниците се криеја и припадниците на Хамас“, наведува израелскиот весник.

Истакнува дека ова е заклучено врз основа на снимката од полициски хеликоптер кој бил повикан во тоа подрачје за време на нападот на Хамас.

Јасмин Порат, која побегнала од фестивалот и се сокрила во една куќа, рече дека кога отишла до еден од војниците и прашала дали куршумите би можело да ги погодат заложниците, го добила одговорот: „Ова го правиме само за да ги урнеме ѕидовите на куќата.“

Хадас Даган, која со сопругот се криела пред куќата во која биле заробени нејзините соседи, исто така изјавува дека била повредена од парче шрапнел кога била гаѓана куќата на нивниот сосед.

Се наведува и дека војниците во населбата забележале дека од хеликоптерот е отворен оган како предупредување, а потоа дошол тенк и отворил оган врз куќата.

Откриено е дека многу војници се собрале на влезот од населбата и не влегле на тоа подрачје иако поминало доста време од почетокот на нападот на Хамас.

„Надвор стоеја 500 војници и никој не обрнуваше внимание на целата ситуација. Луѓето губеа крв секоја минута, а војската што стоеше надвор изгледа не сфаќаше што се случува“, рече Јаир Авитал од резервната единица што се наоѓала во населбата.

Израелската војска и израелската полиција до денес немаат признаено дека Израелците се убиени како резултат на огнот што го отвориле нивните сили на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава 

Следно

Викторија Трајков до Бујар Османи: Нема да ме заплашите и замолчите да ги изнесувам злоупотребите

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop