Израелските авиони продолжија да ја бомбардираат Газа, загинаа 313 Палестинци, 1.990 се повредени

October 8, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската авијација продолжи и во текот на ноќта со бомбардирање на блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Според изјавата на очевидците, погодени се згради на институции, банки, станбени згради, објекти што ги користат палестинските оружени сили, но и стадион.

Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле локации кои ги користи Хамас.

Во израелските најнови напади има загинати и ранети.

Медиумите во Израел објавија дека во ракетните напади врз Израел загинале 350, а повредени се 1.600 лица.

Министерството за здравство во Газа во саботата соопшти дека во израелските напади на блокираниот Појас Газа загинале 313 лица, од кои 20 деца, а 1.990 се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави користење на сите воени капацитети и го повика населението да ја напушти Газа.

Претседателот на САД, Џо Бајден, изрази поддршка за Израел и порача дека му наложил на својот тим константни контакти со официјалните претставници на земјите од регионот.

По вчерашниот напад на Хамас, израелската војска објави дека започнува напади на Појасот Газа со десетици борбени авиони. Во нападите во потполност се урнати станбени и деловни објекти, повеќекатници, а меѓу загинатите има и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарникарите ширум земјава се борат со пет активни пожари

Следно

ЦУК: Активни пет пожари

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop