Израелскиот режисер на наградуваниот филм за Палестина рече дека неговото семејство добило закани

February 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Документарниот филм „Нема друга земја“, во кој се зборува за насилството извршено од израелските нелегални доселеници во окупираните палестински земји, ја освои наградата „најдобар документарец“ на 74. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале). Режисерот на овој документарец Јувал Абрахам на социјалните мрежи објави дека група десничарски Израелци дошле во куќата на неговото семејство и му се заканиле, известува Анадолу.

Во објавата на својот профил на социјалната мрежа X, Абрахам зборува за заканите кон него и неговото семејство по неговиот говор на Берлинале.

Во објавата Абрахам вели: „Десничарска израелска банда вчера, барајќи ме, дошла во куќата на моето семејство и им се заканувале на членовите на моето семејство, кои биле принудени да одат во друг град среде ноќ.“

Посочувајќи дека сѐ уште добива смртни закани и дека морал да го откаже летот за Израел, Абрахам рече дека неговиот говор на Берлинале, во кој „повикува да се стави крај на апартхејдот“, бил необјасниво етикетиран како „антисемитски“ од израелските медиуми и германските политичари и оттогаш се соочува со споменатите тешкотии.

Абрахам тврди дека Германците го злоупотребуваат антисемитизмот не само за да ги замолчат Палестинците кои го критикуваат Израел туку и за да ги замолчат Израелците, како него, кои го поддржуваат прекинот на огнот што ќе стави крај на „убиствата во Газа“ и ќе дозволи ослободување на израелските заробеници. Абрахам смета дека ваквиот концепт ќе ги стави во опасност сите Евреи во светот.

Изјавувајќи дека неговата баба е родена во концентрационен логор во Либија и дека повеќето членови на семејството на неговиот дедо биле убиени од Германците за време на холокаустот, Абрахам изјавил дека е лут што германските политичари „имале храброст терминот антисемитизам да го искористат како оружје против него, загрозувајќи го неговото семејство“.

Тој истакна дека спорното однесување уште повеќе го загрозило корежисерот на филмот, Палестинецот Базел Адра, кој живее во регионот Масафер Јата, кој е под окупација.

Во својот говор на церемонијата на доделување на наградите што се одржа на 25 февруари, Абрахам рече: „Јас сум Израелец, корежисерот на филмот Базел Адра е Палестинец и за само два дена ќе се вратиме во земја каде што не сме еднакви. Јас живеам под граѓански поредок, Базел е под воен поредок. Ние сме на само 30 минути еден од друг. Јас имам право на глас, тој нема. Мене ми е дозволено слободно да се движам во оваа земја, додека Базел, како и милиони Палестинци, е затворен на окупираниот Западен Брег. Мора да заврши оваа нееднаквост меѓу нас.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законските измени за платите не ги опфаќаат сите функционери

Следно

Палестинска самоуправа: Хамас нема да биде дел од владата на палестинските територии

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop