Израелскиот радикален министер Бен-Гвир вети поддршка за полицаецот кој го нападна фоторепортерот на Анадолу

December 17, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир вчера разговарал со полицаецот кој го нападна Мустафа Харуф, фоторепортерот на Агенција Анадолу, и вети дека ќе се погрижи да се врати на должност што е можно побргу, известува Анадолу.

Бен-Гвир на социјалната мрежа Х напиша дека го посетил полицаецот и дека лично ќе се залага за неговото враќање во активна служба.

Полицаецот е под суспензија поради бруталниот физички напад на фоторепортерот Харуф, а контроверзниот Бен-Гвир порача дека „на борците не треба да им се суди во неизбежни ситуации“.

Израелските сили го нападнаа фоторепортерот на Анадолу Мустафа Харуф на 15 декември додека бил на должност во Источен Кудс (Ерусалим).

Израелските полицајци прво го вперија своето оружје кон него, а потоа го соборија на земја и го удираа Харуф за време на собирот на група Палестинци во близина на џамијата Ал Акса.

Харуф тешко претепан е префрлен со возило на Итната помош во болницата Макасед од каде е отпуштен откако му е укажана лекарска помош.

Израелската полиција го нападна и снимателот Фаиз Абу РУмаил, кој бил со Харуф.

Властите на Израел објавија дека се суспендирани полицајците што се гледаат на снимката од нападот на Харуф.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски се согласува со Агелер, но вината за неказнивоста на криминалците не ја гледа во МВР, туку кај правосудството

Следно

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника 

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop