Израелскиот премиер се појави пред судот по петти пат во процесот против него за корупција

December 23, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес по петти пат се појави пред судот во Тел Авив за да се брани од обвиненијата за корупција, пренесува Анадолу.

Според израелскиот јавен радиодифузер КАН, Нетанјаху продолжува со својата одбрана пред Окружниот суд во Тел Авив во случајот познат како „4.000“ во кој е обвинет за давање регулаторни услуги на Шаул Елович, тогашниот сопственик на телекомуникациската компанија „Безек“ и веб-сајтот за вести „Вала“, во замена за покривање кое оди во негова и во корист на неговата сопруга.

Нетанјаху се соочува со три одделни случаи за корупција поднесени против него во 2019 година: Случај 1.000, Случај 2.000 и Случај 4.000, кои вклучуваат обвинувања за поткуп, измама и нарушување на довербата.

Израелскиот премиер негира дека сторил нешто лошо, нарекувајќи ги обвинувањата „лажни“.

Нетанјаху, чие судење започна на 24 мај 2020 година, е првиот актуелен израелски лидер кој сведочи како кривично обвинет во историјата на земјата.

Според израелскиот закон, тој не е обврзан да поднесе оставка освен ако не биде осуден од Врховниот суд, процес кој може да потрае неколку месеци.

Нетанјаху се соочува и со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото, при што Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за негово и апсење на поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во ноември поради злосторствата во Газа, каде што се убиени над 45.200 Палестинци, главно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е партијата која ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравство

Следно

Возачите во Формула 1 го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop