Израелскиот министер за одбрана ѝ нареди на Армијата да окупира повеќе области во Газа

March 21, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ѝ нареди на Армијата да заземе повеќе области во Појасот Газа, откако ги протера палестинските жители, известува Анадолу.

Израел во вторникот ја продолжи својата геноцидна војна во Газа, прекршувајќи го јануарскиот договор за прекин на огнот, а израелската јавна телевизија КАН денеска објави дека министерот Кац наредил понатамошна окупација на палестинските области во Газа со образложение за наводна заштита на израелските војници и заедници во близина на Газа.

„Колку повеќе Хамас инсистира да одбие да ги ослободи заложниците, толку повеќе земја ќе изгуби, што ќе биде припоена кон Израел“, се закани Кац.

Тој додаде дека израелската воена операција во Газа ќе ескалира сѐ додека не бидат ослободени сите заложници што ги држи Хамас.

Рано утринава израелската Армија изврши напад врз западните области на Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, што беше придружен со силно артилериско гранатирање.

Повеќе од 700 Палестинци се убиени, а над 900 се повредени во израелските воздушни напади врз Газа од вторникот, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници, што беше во сила од 19 јануари.

Речиси 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а повеќе од 112.000 се повредени во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Голем пожар кај Струмица, испратени пожарникари

Следно

Повлекувањето на турското езеро Ван откри фасцинантни формации на микробијалити

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop