Израелскиот министер за одбрана го претстави повоениот план за Газа – со енклавата нема да владеат ниту Хамас ниту Израел

January 5, 2024
2 mins read

Според нацрт-планот што го претставил Галант, Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола на Газа, а мултинационални сили ќе ја преземат одговорноста за обнова на територијата, разрушена од израелското бомбардирање. Соседен Египет, исто така, ќе има неодредена улога според планот, во кој се наведува дека Палестинците ќе бидат одговорни за управување со територијата

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа го претстави нацрт-планот за повоеното управување со Појасот Газа, според кој ниту Хамас ниту Израел нема да владеат со палестинската територија по завршувањето на непријателствата, јавуваат светските медиуми. 

Северниот дел на Појасот Газа / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според Галант, палестинската власт на територијата ќе биде ограничена. Хамас повеќе нема да ја контролира Газа, а Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола, рекол министерот.  

Нацрт-планот за „денот потоа“, Галант го презентира пред новинари во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на регионот.  

Посетата на Блинкен треба да се случи овие денови, а во нејзините рамки се очекува тој да се сретне и да разговара со палестинските претставници од окупираниот Западен Брег и со израелските лидери.  

Неговата посета, како што потсетува британскиот национален сервис, доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот по атентатот на еден од водачите на Хамас, Салех ал Арури, што се случи во вторникот во главниот град на Либан, Бејрут. За неговото убиство милитантната група го обвинува Израел, кој ниту ја потврдува ниту ја негира вмешаноста во убиството.  

Инаку, според нацрт-планот што го претставил Галант, Израел ќе ја задржи севкупната безбедносна контрола на Газа, а мултинационални сили ќе ја преземат одговорноста за обнова на територијата, разрушена од израелското бомбардирање.  

Соседен Египет, исто така, ќе има неодредена улога според планот, во кој се наведува дека Палестинците ќе бидат одговорни за управување со територијата.  

„Жителите на Газа се Палестинците, затоа палестинските тела ќе бидат одговорни, под услов да нема непријателски активности или закани против државата Израел“,

рекол Галант.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант (десно) на прес-конференција во Тел Авив на 28 октомври 2023 г. / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Инаку, разговорите за „денот потоа“ во Газа доведе до длабоко несогласување во Израел. 

Некои од екстремно десничарските членови на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сметаат дека палестинските граѓани треба да бидат охрабрени да ја напуштат Газа во егзил, а на територијата да бидат воспоставени еврејски населби. Ваквите предлози повеќе земји, како и некои од сојузниците на Израел ги отфрлија како екстремистички и неостварливи.  

Премиерот Нетанјаху не зборуваше јавно за никакви детали за тоа како мисли дека треба да се управува со Газа. Тој посочи дека војната во Газа може да трае уште неколку месеци, со наведената цел – целосно уништување на Хамас. 

Објавувањето на планот доаѓа додека продолжуваат борбите во Газа, при што десетици луѓе загинаа во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Хамас. 

Планот на Галант, исто така, наведува дека израелската војска има за цел да продолжи со следната фаза од војната во Газа. Тој рекол дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе заземат насочен пристап на северот на Појасот каде што операциите ќе вклучуваат рации, уривање на тунели, како и воздушни и копнени напади. 

На југ израелската војска ќе продолжи со потрагата по лидерите на Хамас и спасување на израелските заложници.

Вкупниот број луѓе убиени во Газа од почетокот на израелската одмазничка кампања достигна повеќе од 22 400 лица, заклучно со вчерашниот ден, што претставува речиси еден процент вкупниот број на жители на енклавата, кој се проценува на околу 2,3 милиони, соопшти Министерството за здравство на Хамас.  

Офанзивата на Израел врз Појасот Газа започна откако припадници на Хамас извршија ненадеен напад врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени 1 200 луѓе, повеќето цивили, а уште 240 беа земени како заложници.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството да покрене обвинение за насилство по упадот во М-НАВ, бара ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Три дена бесплатен паркинг во Скопје, но „пајакот“ ќе работи и за празницте

Latest from Blog

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во

Невзат Бејта обвинува: Општината во Гостивар трошела стотици илјади евра без резултати

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на

Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во
Go toTop