Израелскиот министер Смотрич се закани со соборување на Владата ако Газа не се окупира

April 23, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, денес се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку армијата не го окупира Појасот Газа и воено не завладее со него, пренесува Анадолу.

Во соопштението Смотрич истакнува дека израелскиот премиер „е на крајот одговорен“ за водењето на израелската војна во Газа.

„Започнете кампања за поразување на Хамас, окупација на Газа и спроведување на привремена воена влада додека не се најде друго решение, вратете ги заложниците и започнете со планот на Трамп – или оваа Влада нема право да постои“, рече тој.

Крајно десничарскиот министер го бранеше својот став за поддршка на забраната за влез на хуманитарна помош во Газа.

Според израелските медиуми, Смотрич се судрил со армискиот началник Ејал Замир поради одбивањето на Замир војската да биде одговорна за дистрибуцијата на помошта во Газа.

„Ако не сте способен, ќе донесеме некој што е способен, ако не знаете како да го направите тоа, ќе најдеме некој што знае“, му рекол Смотрич на Замил на состанокот на израелскиот безбедносен кабинет синоќа.

Од 2 март Израел ги затвори граничните премини на Газа, блокирајќи го влезот на основните продукти во енклавата и покрај повеќекратните извештаи за глад на територијата уништена од војната.

Израелската армија го продолжи нападот врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше на сила од 19 јануари.

Од октомври 2023 година досега Израел уби над 51.300 Палестинци во енклавата, од кои повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Следно

Мирче, Ефимија, Александра, Ангела и Надица по 40 дена лекување од пожарот во Кочани се враќаат дома

Latest from Blog

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“

Утре 10.02.2026 година (вторник) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина

Поранешен битен пратеник на ДУИ премина во редовите на Изет Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е
Go toTop