Израелскиот министер Смотрич повика на „несразмерен напад“ врз Иран

April 18, 2024
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, повика на „несразмерен напад“ врз Иран, пренесува Анадолу.

Смотрич за израелското радио говореше за тензиите со Иран.

Тој порача дека официјален Тел Авив мора да возврати на минатонеделниот напад на Иран врз Израел.

Смотрич рече дека тоа треба да биде „насилен, остар и несразмерен одговор на претрпената штета“.

Додаде дека „одмаздата е неопходна за обликување на позицијата на Израел на Блискиот Исток“.

„Ова е јазикот што се зборува на Блискиот Исток“, нагласи Смотрич.

Иран во саботата го нападна Израел поради нападот на 1 април врз иранскиот Конзулат во Дамаск. Иранските сили истрелаа повеќе од 300 ракети и дронови, од кои повеќето беа соборени пред да стигнат до целта.

Израел вети дека ќе одговори на иранскиот напад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени четворица припадници на косовската полиција

Следно

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop