Израелскиот министер Бен-Гвир: Војната нуди можност за Палестинците да ја напуштат Газа

January 2, 2024
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Министерот за национална безбедност на Израел од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, изјави дека војната во Газа е можност да се охрабрат Палестинците да ја напуштат енклавата додека израелската војска продолжува со разорните напади, јавува Анадолу.

Бен-Гвир, лидер на крајно десничарската партија Оцма Јехудит (Еврејска моќ), рече дека „војната претставува можност да се концентрира на охрабрувањето на миграцијата на жителите на Газа“, одбивајќи да го признае нивниот национален идентитет или ги нарече Палестинци.

Тој додаде дека Израел има партнери низ светот што би можеле да помогнат во примањето на голем број Палестинци од Газа, но не спомена кои се тие.

Бен-Гвир, исто така, рече дека охрабрувањето на Палестинците да ја напуштат Газа ќе им овозможи на Израелците кои живеат околу Појасот Газа да се вратат во нивните населби.

„Не може да се повлечеме од ниту една територија на која се наоѓаме во Појасот Газа. Не само што не исклучувам еврејска населба таму, туку тоа го сметам за важна работа“, додаде тој.

Изјавите на Бен-Гвир се во спротивност со ставот на Соединетите Американски Држави за Газа, кој јасно се противи на перманентната окупација на енклавата од страна на Израел или на идејата за воспоставување населби таму.

Во 2005 година тогашниот премиер Ариел Шарон одлучи да ги евакуира еврејските населби во Газа заедно со четири населби на окупираниот Западен Брег.

Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, при што, според локалните здравствени власти, досега се загинати речиси 22.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 57.000.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас на 7 октомври.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, 60 отсто од нејзината инфраструктура е оштетена или уништена, а речиси два милиона жители се раселени, постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и Манчевски

Следно

2024 ќе биде година на избори, и наши и европски

Latest from Blog

Ердоган: „Партнерството Турција-САД е од витално значење за стабилноста во регионот и во светот“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги истакна растечките напори на Турција за поттикнување на мирот и стабилноста во брзо менувачката глобална средина – ставајќи посебен акцент на стратешките односи

Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел, побара Сиљановска од Манјл-Рајсингер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто македонската претседателка укажала на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон

Рама објави видео – десетици ракувања со европските лидери, само Мицкоски го нема

Тирана беше домаќин на самитот на Европската политичка заедница и на едно место ги собра сите значајни европски лидери. Домаќинот на самитот, албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на

Израел уби 6 Палестинци, уништи домови во повеќе делови на Појасот Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Во израелски воздушни напади убиени се шест Палестинци, повредени се неколку други рано утрово низ различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу. Медицински извор за Анадолу изјави

Лосон: Нема да се прифаќаат мигранти од Британија, ова е широко партнерство

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во Влада, ги демантираше сите тврдења и шпекулациите на медиумите. Тој јасно рече дека со стратешкото партнерство не станува збор за прифаќање
Go toTop