Израелскиот милијардер и поранешен газда на ФЕНИ, Бени Штајнмец, уапсен на аеродром во Атина

October 16, 2024
1 min read

Светскиот рударски магнат Бени Штајнмец кој е поранешен сопственик на фабриката за преработка на никелова руда „Фени индустри“ во Кавадарци, во неделата на 13 октомври бил уапсен на аеродромот во Атина. Апсењето се спровело по европски налог за апсење издаден од Романија, откако судот во Грција пред две години одби да го екстрадира во таа земја.

„Апсењето беше прекршување на одлуката за екстрадиција затоа што Апелацискиот суд во Атина веќе донесе неотповиклива одлука против екстрадиција во Романија“, велат неговите грчки адвокати.

Тој ноќта ја поминал на аеродромот и бил однесен кај обвинител кој го ослободил со кауција од 5 000 евра, но со забрана да ја напушти Грција додека проблемот не се реши формално.

Романскиот Врховен суд го осуди Штајнмец на пет години затвор во отсуство во декември 2020 година за формирање на организирана криминална група. Во неа бил и принцот Паул Филипе од Романија (внук на некогашниот крал Карол II кој бил на престолот од 1930 до 1940 година). Целта им била преку измама да се стекнат со имот вреден повеќе од 100 милиони долари. Принцот Филипе и Штајнмец негирале дека се вмешани во било каква криминална активност.

Штајнмец, исто така, е осуден на три години – половина затвор, половина условно во посебен случај во Швајцарија. Тој ја чека пресудата по неговата жалба, поднесена на почетокот на 2023 година.

Новинарите на ИРЛ во истражување направено заедно со Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) летово откри дека зад двете стечајни постапки за „Фени индустри“ во 2017 и 2024 година стои Израелецот Бени Штајнмец со мала група негови пријатели. Во годините додека Штајнмец и негови блиски пријатели биле сопственици на фабриката таа неколку пати била доведена во ситуација да не може да ги покрива ратите за кредити кои ги земале од банките и да не може да ги исплати вработените.

Фени Индустри беше голем финансиски играч во државава. Неговата улога во македонската економија покажуваше значаен придонес од 200 милиони евра извоз годишно кога работеа со полна пареа. Тоа е 1,5% од бруто домашниот производ (БДП) на Македонија.

По вториот стечај на фабриката кој започна во април оваа година, сопственик на Фени е турскиот конзорциум „Полиникел холдинг БВ“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Велибор Манев ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше денеска поранешниот началник на СВР Велес

Следно

Полицијата се „поднови“ со нови возила

Latest from Blog

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во

Невзат Бејта обвинува: Општината во Гостивар трошела стотици илјади евра без резултати

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Вреди, Невзат Бејта денеска на прес конференција упати обвинувања кон досегашната локална власт за злоупотреби со тендери за реконструкции на улици и пополнување на ударни дупки.

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на

Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во
Go toTop