Израелски воени авиони ја уништуваат водоводната мрежа на градовите Хан Јунис и Рафа во јужна Газа

December 10, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелски воени авиони денес ја уништија водоводната мрежа во градовите Хан Јунис и Рафа, како и нивните поврзувачки патни правци во жестоките бомбардирања на јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Израелските сили ги бомбардираа водоводните цевки што го поврзуваат градот Хан Јунис со Рафа во обид да го прекинат водоснабдувањето, изјавија очевидци за Анадолу.

Израелската армијата исто така, спроведе интензивни воздушни напади на главниот патен правец што ги поврзува двата града, целосно уништувајќи го, соопштија локални извори.

Израел ја заострува опсадата на Хан Јунис со прекинување на водоснабдувањето и попречување на пристигнувањето на помошта и храната за жителите во градот, јави дописникот на Анадолу.

На крајот на изминатиот месец, израелската армија им порача на жителите на Хан Јунис да се евакуираат, а потоа започна копнена воена операција во градот, проследена со 24-часовно воздушно бомбардирање, во кои има стотици загинати и повредени лица.

Стотици илјади раселени Палестинци го преплавија Хан Јунис откако избегаа од северниот дел на Појасот Газа поради засилените израелски бомбардирања и копнената офанзива во тој дел на енклавата.

Хан Јунис моментално има население од околу 600.000 луѓе, вклучувајќи ги и раселените од израелските бомбардирања, што го прави најнаселен град во Појасот Газа.

Израел ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас.

Најмалку 17.700 Палестинци загинаа, а над 48.780 лица се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако Меџити заврши со турнеја по светот, да си ги доврши овде работите, повикува Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Следно

Вучиќ: Ќе градиме гасна интерконекција и кон Северна Македонија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop