Израелски воени авиони извршија жестоки напади врз јужно преградие на Бејрут

September 28, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската армија тврди дека го погодила оружјето на Хезболах под цивилни згради во јужните предградија на Бејрут во жестоките воздушни напади синоќа, јавува Анадолу.

Либанската група ги негираше наводите дека оружје било складирано во цивилни згради кои беа таргетирани.

Дописникот на Анадолу јави дека воени авиони извршиле повеќе од 40 жестоки последователни напади од доцна синоќа, кои предизвикале големи пожари и значителна деструкција во повеќе области во напад без преседан од израелската војна против Либан во 2006 година.

Пожарите беснеат со часови во Бир Хасан во јужното предградие на Бејрут од воздушниот напад чија цел била зграда, додаде дописникот.

Израелската војска соопшти дека воени авиони нападнале нови цели на Хезболах во Бејрут.

Таа, исто така, наведе дека извршила нови воздушни напади врз регионот на долината Бека во источен Либан.

Дописникот на Анадолу потврди дека Израел извршил серија жестоки и интензивни израелски напади врз различни локации во регионот Бека.

Во меѓувреме, Либанската национална новинска агенција јави за интензивни летови на израелски воени авиони над селата во подрачјата Тир и Бинт Џбеил во јужен Либан.

Армијата претходно гаѓаше згради во областите Кафаат, Чуеифат, Хадат и Лејлаки, јави дописникот, и соопшти дека воздухопловните сили извршиле напади врз јужниот град Тир и источниот либански регион Бека, укажувајќи дека таргетирала позиции на Хезболах.

Израелски авиони извршија жестоки напади доцна синоќа врз јужните предградија на Бејрут, тврдејќи дека го погодиле главниот штаб на Хезболах.

По воздушните напади, израелските медиуми соопштија дека армијата проверува дали шефот на Хезболах, Хасан Насралах бил во нападнатата област.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападите загинале шест лица, а 91 е повредено.

Хезболах сè уште не се огласи во врска со нападот.

Но, во соопштение објави за бомбардирање на населбата Кабри во северниот дел на Израел со бараж со проектили Фади-1.

Израелската јавна радиодифузна корпорација објави дека по втор пат во една недела била пресретната ракета истрелана од Либан кон населени места на северниот дел на Западниот Брег.

Ираелското армиско радио јави дека сирени се огласиле во заливот Хаифа, Галилеја, Вади Ара и илегалните населби во северниот дел на Западниот Брег. Не се дадени повеќе детали.

Израел започна напади врз Либан од понеделникот утрото во кои загинаа над 700 лица, а речиси 2.200 се повредени, покажуваат бројките објавени од либанското Министерство за здравство.

Министерството, исто така, соопшти дека бројот на загинати во Либан од октомври минатата година е 1.540, а над 77.000 лица се раселени од јужните и источните делови на земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Муцунски најавува консултации за нови амбасадори и дипломати

Следно

Израелската војска соопшти дека е убиен лидерот на Хамас во Сирија

Latest from Blog

Доделувањето на „Еми“ беше преместено поради Бијонсе, таа воопшто не се појави

И покрај шпекулациите дека 44-годишната пејачка и нејзиниот сопруг Џеј-Зи ќе присуствуваат на церемонијата што се одржа во театарот Peacock во Лос Анџелес, славната двојка на крајот го пропушти настанот. И таа

Човек три и пол години со себе носел алигатор во маркет, му забраниле кога се појавил на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Алигаторот Џинсејоши и неговиот сопственик, Весли Силва (60), беа фотографирани како пазаруваат во Волмарт во Пенсилванија (САД) претходно овој месец, а откако фотографиите беа објавени на интернет, на сопственикот и неговото необично

Мечка е снимена како се шета по улиците на град во Бугарија, граѓаните преплашени (ВИДЕО)

Животното е забележано синоќа и снимено од жителите. Сведоци велат дека мечката шетала по улицата Стара Планина, а претходно била видена на градската обиколница, објавија бугарските медиуми. Со помош на полицијата, мечката

Меџити: Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево. Министерот Изет Меџити заедно со директорот на

Рома без Дибала во дербито на Рим

Поради повреда здобиена на мечот против Верона вчера, во рамките од изминатото коло во Серија А, Пауло Дибала нема да биде во составот на Рома на следниот меч. А тоа е градското
Go toTop