Израелски тенкови отворија оган врз амбулантни возила со повредени Палестинци кај преминот Рафа

March 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските тенкови отворија оган врз амбулантни возила кои пренесувале палестински пациенти што требало да бидат евакуирани од Појасот Газа за медицинска нега во странство, соопшти денес палестинската Црвена полумесечина, јавува Анадолу.

Во краткото соопштение, организацијата наведе дека амбулантните возила биле нападнати во близина на граничниот премин Рафа, во јужниот дел на Газа, додека пациентите биле транспортирани во координација со Светската здравствена организација (СЗО).

Црвената полумесечина истакна дека амбулантните возила сè уште чекаат дозвола за да продолжат со евакуацијата.

Од почетокот на израелската воена офанзива врз Газа во октомври 2023 година, убиени се речиси 48.400 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 111.000 други беа повредени.

Нападите, кои го оставија Појасот Газа во урнатини, беа запрени со прекин на огнот и договор за размена на заробеници што стапија на сила на 19 јануари.

И покрај прекинот на огнот, локалните власти во Газа пријавуваат речиси секојдневни прекршувања на договорот од страна на израелската Армија.

Првата група палестински пациенти и ранети лица ја напуштија Газа преку преминот Рафа на египетската граница на 1 февруари, во рамки на договорот за прекин на огнот.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за војната врз оваа енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Следно

Иранскиот отправник на работите повикан во турското Министерство за надворешни работи

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop