Израелски министер поднесе оставка поради неуспехот на Владата да обезбеди ослободување на Харедите од воена служба

June 12, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за домување, Јицхак Голдкнопф, денес поднесе оставка поради неуспехот на Владата да го донесе законот со кој ќе се ослободат ултраортодоксните Евреи од задолжителната воена служба, јавува весникот „Једиот ахронот“, пренесува Анадолу.

Оставката следуваше откако ултраортодоксната заедница продолжува со протестите против служењето војска, откако Врховниот суд на Израел на 25 јуни 2024 година донесе одлука со која се наложува нивно регрутирање, како и забрана за финансиска поддршка на верските институции чии ученици одбиваат да служат.

Ултраортодоксните Евреи, познати како Хареди, сочинуваат околу 13 отсто од 10-милионското население на Израел.

Тие се против задолжителната воена служба од верски причини, тврдејќи дека изучувањето на Тората е нивна примарна обврска и дека интеграцијата во секуларното општество претставува закана за нивниот религиски идентитет и заедничкиот живот во заедницата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна, а наводно сите даваат поддршка

Следно

Надал би можел да стане амбасадор на Ролан Гарос

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop