Израелски медиуми: Пресретнат проектил над Црвено Море

October 31, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелските медиуми денес објавија дека бил пресретнат проектил над Црвено Море пред да стигне до брегот на Израел, пренесува Анадолу.

„Проектилот најверојатно бил лансиран од Јемен, активирајќи сирена за воздушен напад во крајбрежниот град Еилат“, објави јавната телевизија КАН.

Израелската војска потврди дека идентификувала „воздушна цел“ што се приближувала до израелска територија, но не ги потврди извештаите дека била пресретната над Црвено Море.

„Немаше закани или ризици за цивилите“, се наведува во соопштението на војската.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас и Нетанјаху се од иста

Следно

Предлог законот за амнестија во четврток на собраниска седница, за судската власт со законот се врши упад во судството

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop