Израелски медиуми: Нетанјаху даде „зелено светло“ за привремен прекин на огнот со Хезболах

September 26, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за привремен прекин на огнот со Хезболах во Либан, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу.

Соединетите Американски Држави (САД), Европската Унија (ЕУ) и девет други земји доцна синоќа ги повикаа Израел и Хезболах да се согласат на 21-дневен прекин на огнот.

Израелскиот Канал 12, цитирајќи официјален претставник на кабинетот на Нетанјаху, рече дека има „зелено светло за прекин на огнот“ со Хезболах за отворање на патот за преговори.

Сепак, неколку министри од израелскиот кабинет изразија противење на каков било предложен прекин на огнот со Хезболах.

Министерот за спорт, Мики Зохар, секој прекин на огнот со либанската група го нарече „тешка грешка што ги загрозува големите безбедносни достигнувања што Израел ги направи во изминатите денови“.

Министерот за дијаспора, Амичаи Чикли, побара од армијата да започне копнена инвазија во Либан за да воспостави, како што рече, „тампон зона“.

Крајно десничарскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, од своја страна, рече дека битката на северот мора да заврши со „уништување“ на Хезболах.

Израел врши напади врз Либан од понеделникот утрото поради ескалација на прекуграничните судири со Хезболах.

Либанската група Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година загинаа повеќе од 41.400 луѓе, главно жени и деца.

Меѓународната заедница предупреди дека нападите врз Либан ја зголемуваат опасноста од регионално проширување на конфликтот од Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

Следно

Сабаленка сака да ја заврши сезоната како прв рекет на светот

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop