Израелската војска уништи 80% од возилата на Цивилната заштита и опремата за спасување во Појасот Газа

December 3, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска уништи околу 80% од возилата и опремата за спасување на тимовите на Цивилната заштита во блокираниот Појас Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се наведува дека возилата и опремата на тимовите на Цивилната заштита, Итната помош и екипите за спасување, исто така биле цел на суровите израелски напади.

Канцеларијата наведе дека поради тоа, активностите на спасување луѓе под урнатините се спроведуваат со ограничени средства.

Во соопштението се вели дека спасувачите не можеле да дојдат до сите подрачја на израелскиот масакр бидејќи борбените авиони на Израел бомбардирале и уништиле поголем дел од спасувачките возила, како и поради недостатокот на гориво во преостанатите возила.

„Хуманитарната ситуација во регионот достигна катастрофално ниво, а окупациската војска повторно бомбардираше десетици домови.“

Во соопштението се наведува дека за „геноцидот се одговорни израелските окупациски сили, но и меѓународната заедница, првенствено администрацијата на САД предводена од претседателот Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен, бидејќи му дадоа зелено светло на Израел.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Користење на груба сила против целото цивилно население не може да се легализира како самоодбрана

Следно

Фајон: Уставните измени се одговорност кон граѓаните и се неопходни државата да оди напред

Latest from Blog

Роберто Мартинес: Стремежот на Роналдо да биде најдобар е заразен

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, откри зошто Кристијано Роналдо останува клучна фигура во тимот и покрај неговата напредна фудбалска возраст. На прашањето зошто напаѓачот, кој наскоро ќе наполни 41 година, останува незаменлив

Ракот со интензивни емоции, соништата и претчувствата носат важни пораки за Рибите

ОВЕН На овој ден, вашиот фокус нагло се префрла од професионалните амбиции кон домашната удобност, иако внатрешната напнатост не стивнува веднаш. Важно е свесно да го „исклучите“ работниот режим пред попладневните часови.
Go toTop