Израелската војска целосно ја уништи и се повлече од болницата Шифа

April 1, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили, по целосното уништување, се повлекоа од болницата Шифа, најголемиот здравствен комплекс во Појасот Газа, 14 дена откако го зазедоа, известува Анадолу.

Зад себе оставија десетици убиени.

На новинарот на АА очевидците му изјавија дека откако израелската војска целосно ја уништила, се повлекла од болницата Шифа и околните населби и заминала на југ кон дистриктот Тел-ел-Хева, југозападно од градот Газа.

Тие наведоа дека пред повлекувањето израелските сили ги запалиле сите згради на комплексот на болницата Шифа.

Како што наведуваат, израелските сили целосно ги уништиле подовите и просториите на хируршката зграда на болницата и ја запалиле главната зграда за прием и итна помош, уништувајќи го целиот медицински материјал што се наоѓал во објектот.

Очевидците наведоа и дека во болницата Шифа и на околните улици има десетици убиени лица и дека израелската војска ги уништила привремените гробишта што Палестинците ги направиле во Шифа.

Палестинските официјални претставници изјавија дека болницата целосно не е во функција.

Тие наведоа дека израелската војска ја уништила целата медицинска опрема во болницата, како и салите за операции и собите за интензивна нега.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руското вето стави крај на контролата на ОН на санкциите против Северна Кореја

Следно

Драма во Брисел: Европски истражители ги чешлаат пораките меѓу Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер!

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop