Израелската војска цела ноќ изведувала воздушни напади на Газа

November 14, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Нападите што израелската војска ги изведува во блокираниот Појас Газа од 7 октомври продолжуваат веќе 39 дена, известува Анадолу.

Официјалната палестинска агенција ВАФА објави дека израелската војска во текот на цела ноќ изведувала интензивни воздушни напади на Појасот Газа.

Во нападите на израелските авиони на куќата на семејствата Ал Ага и Абу Џамиз во источниот дел на Хан Јунис убиени се 10 лица, главно, деца. Во веста се наведува дека има и повредени.

Според соопштението објавено на профилот на каналот Ал Акса на социјалната мрежа Телеграм, чест лица загинале, а голем број се ранети и при бомбардирањето на куќата на семејството Ес Севарик во близина на училиштето „Ал Фахур“ во бегалскиот камп Џабалија.

Во бомбардирањето на бегалскиот камп Џабалија животот го загубиле и палестинските одбојкари Хасан Заитер и Ибрахим Касие.

Во соопштението се наведува дека во нападите што траеле цела ноќ целосно се уништени 12 куќи во Џабалија, а десетици луѓе се убиени.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници во Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7 октомври.

Од 7 октомври досега во израелските жестоки напади на Појасот Газа убиени се најмалку 11.240 Палестинци, од кои 4.630 деца и 3.130 жени, а повеќе од 28.200 се ранети.

На Западниот Брег и во Кудс (Ерусалим) израелските сили и еврејските доселеници убија 193 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот

Следно

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop