Израелската војска пукаше на воено возило во Јужен Либан

November 29, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелската војска денес пукаше во правец на либанско воено возило во градот Хула, Јужен Либан, јавува Анадолу.

Тоа е втор ваков напад од почетокот на хуманитарната пауза во Појасот Газа што стапи на сила во петокот меѓу Хамас и Израел.

Кај Ал-Абад израелските војници пукаа во близина на воено возило на либанската армија што вршело патрола во близина на мировните сили на Обединетите нации, објави либанската Национална новинска агенција.

Вчера израелската војска истрелала најмалку една артилериска граната на либанската територија, што е прво гранатирање од почетокот на хуманитарната пауза во Газа, според државните либански медиуми.

Тензиите се разгореа по должината на границата меѓу Либан и Израел со наизменична размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах.

Пограничните тензии се случуваат во период на израелската воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на Народна банка ја усвои Програмата за работа за следната година

Следно

Закон за амнестија или алтернативни казни? – „Примената на пробацијата долгорочно решение“

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop