Израелската војска објави „аларм за воена состојба“, започнати напади на Газа

October 7, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската војска по најновите случувања во Појасот Газа прогласи „аларм за воена состојба“, пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека ваквата состојба е прогласена поради „бројните напади од Газа во последниот еден час“.

Истиот извор информираше дека некои палестински групи влегле на територијата на Израел, во граничниот појас со Газа и дека таму се водат борби.

Израелската војска потоа соопшти дека започнала напади врз блокираниот Појас Газа.

Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана одобри масовна мобилизација на резервните сили, објавија локалните медиуми.

Израелските власти информирале дека вооружени палестински групи влегле на територијата на Израел и ја зазеле полициската станица во градот Сдерот.

Военото крило Изедин Касам ма ХАМАС соопшти дека рано утринава е започната операција против Израел, лансирајќи повеќе илјади ракети од блокираниот Појас Газа. Операцијата е започната како одговор на израелските воздушни напади.

Во ракетниот напад врз Израел животот го загуби едно лице, а 15 се ранети, објавија локалните медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Утрото студено, преку ден сончево

Следно

Култната „Славија” во Кисела Вода прерасна во модерен спортски комплекс

Latest from Blog

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop