Израелската војска ги повика Палестинците да се преместат од северот на југот на Газа

October 13, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Израелската војска го повика палестинското население да се премести од северот на Појасот Газа на југ од блокираниот регион, јавува Анадолу.

Во соопштението, израелската војска тврди дека припадниците на военото крило на Хамас се кријат во тунелите и под куќите, како и во зградите во кои живеат цивили во Газа.

„Градот Газа е подрачје во кое се изведуваат воени операции. Израелската војска нареди сите цивили во градот Газа да бидат евакуирани од своите домови на југ поради нивна безбедност и заштита. Оваа евакуација е за ваша безбедност“, се наведува во соопштението.

Во него се предупредуваат Палестинците во Газа да се држат подалеку од граничните огради и се наведува дека израелската војска ги продолжува операциите во Газа.

Вкупно 2,3 милиони Палестинци живеат во Газа, која е блокирана од Израел од 2007 година и која има тесно подрачје од околу 360 квадратни километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски бил прв за францускиот предлог за кој прво велеше дека не слушнал , за по неколку дена да признае дека учествувал во неговото креирање

Следно

Тешко повреден шумски полицаец во Кавадарци

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop