Израелската војска: 425 загинати и 1.593 повредени војници во судирите во Газа

December 10, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) – Израелската армија денес соопшти дека од почетокот на конфликтот во Газа на 7 октомври загинале 425 израелски војници, пренесува Анадолу.

Во соопштението на војската се вели дека од 425 војници, 97 се загинати откако Израел ја прошири копнената офанзива во опколената палестинска енклава на 27 октомври.

Според соопштението, повредени се 1.593 војници, од кои 559 војници ранети во копнената операција во Газа.

Војската го објави соопштението по еден ден откако весникот Једиот Ахронот вчера објави дека над 5.000 војници се повредени во Газа од почетокот на последниот конфликт, а од страна на Министерството за одбрана официјално како „онеспособени“ се наведени над 2.000.

Израел ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас.

Најмалку 17.700 Палестинци загинаа, а над 48.780 лица се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН повторно бара од Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство

Следно

Нетанјаху со критики до Путин за антиизраелскиот став на Русија за војната во Газа

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop