„Израелската дехуманизација на Палестинците достигна ново ниво“, изјави израелскиот новинар Гидеон Леви

February 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот новинар Гидеон Леви го нарече срамно тоа што Израел ги игнорира десетиците убиени Палестинци во нападите врз Рафа, во Газа, во кои се спасени двајца заробеници, известува Анадолу.

Во својот текст објавен во дневниот весник „Хаарец“, Леви напиша „Израелската дехуманизација на Палестинците во Газа достигна ново високо ниво“ со нападот во кој, како што објави израелската војска, спасила двајца заробеници во Рафа, место на југот од Појасот Газа, на границатра со Египет, каде што беа принудени да се раселат Палестинците од северните и централните делови.

Наведувајќи дека многумина го пофалија нападот врз Рафа, за кој израелските безбедносни сили објавија дека притоа спасиле двајца заробеници, Леви напиша: „Сите разузнавачки експерти рекоа дека ова била совршена операција со нула човечки загуби.“

Потенцирајќи на „фактот дека во нападот се убиени 74 Палестинци, вклучително жени и деца, што не се споменува во Израел“, Леви истакна дека споменатиот напад „не е совршен и сигурно не е со нула жртви“.

Истакнувајќи дека сликите што ги видел во болниците на денот на нападот на израелската војска врз Рафа биле меѓу најстрашните досега, Леви рече дека „сите биле среќни“ поради ослободувањето на заробениците, но срамно е што оние што се убиени во нападите „се игнорирани како да не се човечки суштества“.

Леви истакна дека „како срамен чин засекогаш ќе биде запомнет фактот дека повеќето израелски медиуми не го споменале страдањето на жителите на Газа“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Притворени“ во сопствената државата

Следно

Бајден му порача на Нетанјаху да не дејствува во Рафа без план за заштита на цивилите

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop