Израелската армија започна „опсежна копнена операција“ во Газа

May 18, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија започна „опсежна копнена операција“ во воено разорениот Појас Газа, соопшти денес војската, пренесува Анадолу.

„Во текот на изминатиот ден, (армиските) трупи на ИДФ од Јужната команда, и постојаната војска и резервниот состав, започнаа опсежна копнена операција низ целиот северен и јужен дел на Појасот Газа, како дел од почетокот на операцијата „Кочиите на Гидеон“, се вели во соопштението на војската.

Портпаролот на војската, Авичај Адраи, рече дека војската ги интензивирала нападите во Газа во изминатите денови, погодувајќи повеќе од 670 позиции на Хамас „за да ги попречи подготовките на непријателот и да помогне во копнената операција“.

Израелската армија ги интензивираше воздушните напади врз Газа во последните пет дена, што коинцидираше со турнејата на американскиот претседател Доналд Трамп низ Персискиот Залив, во рамките на која ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во којашто се убиени над 53.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за својата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски вели дека пријателите го советувале „да го откачи брзо Таравари бидејќи сака да седи на две столици“: Срамот е кај него!

Следно

Непознат маж се обиде да направи хаос на „Џиро д’Италија“

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop